Австралија 25 години не знае за рецесија

Економијата на Австралија во четвртиот квартал минатата година забележала силен раст со што оваа економија го продолжи 25 годишниот период без рецесија.

Таа полека се приближува кон рушење на рекордот на Холандија кога е во прашање непрекинат економски раст во модерниот период. Рекорд е поставен помеѓу 1982 и 2008 година, а на Австралија и недостига раст во само уште еден квартал за да го достигне.
Во четвртиот квартал стапката на економски раст изнесувала 2,4%, а најмногу се заснова на зголемениот извоз на рудните богатства и растот на личната потрошувачка.
Австралиската централна банка за 2017 година предвидува стапка на раст од 3% благодарение на опоравувањето на цените на суровините.

Останати вести