РЕФЕРЕНДУМ 2018 – Koнечни резултати на ДИК: Гласале 666.743 граѓани

На референдумот на 30 септември гласале 666.743 граѓани или 36,91 % од вкупно запишаните во Избирачкиот список, соопшти ДИК по преброени 100 % од избирачките места.

На референдумското прашање: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?”,
– „ЗА” гласале 91,46 % или 609.813 граѓани,
– „ПРОТИВ” се изјасниле 5,65 % или 37.700 граѓани,
– неважечки се 2,89 % или гласовите на 19.268 граѓани.

Останати вести