Нема да има референдум за хомосексуалните бракови

Прајминистерот Кевин Рад изјави дека нема да ги натура своите мислења за истополовите бракови врз австралиската јавност со тоа што нема да дозволи референдум.

Прајминистерот Кевин Рад на минатомесечната лидерска дебата вети дека ќе помине закон за истополовите бракови во неговите први 100 денови ако повторно лабуристите победат на изборите. Неговата партија во изминатава недела успеа малку да се врати на изборните анкети со негативната кампања за либералите. Сепак се уште опозицијата има предност од 53 спрема 47, што покажува дека би загубиле. За да биде во добивна комбинација на Кевин Рад и лабуристите треба да стигнат во близина на 51 спрема 49. Изборите се закажани за 7 септември и дотогаш сигурно ќе има нови придвижувања.

Останати вести