Прајминистерот Малколм Турнбул призна дека било погрешно што Кралската комисија (Royal Comission) не покренала истрага за работењето на банките пред повеќе години и најави понатамошни реформи.
При признавање на грешката, кое беше зачинето со многу оправдувања, прајминистерот го понуди своето прво длабоко признавање дека неговата влада носи вина што не одобрила истрага на банките, и изјави дека овој сектор ќе мора да плати надокнада за своите гревови. Покрај тоа што, Турнбул тоа не го кажа директно, но се подразбира дека тогаш сепак донел правилна одлука затоа што во спротивно владата ќе морала да чека со носење одредби за казни и воведување нови закони кои имаат за цел да ги сопрат каубојците во таа индустрија. Оваа изјава е објавена само неколку денови откога извршниот директор на компанијата AMP, Craig Meller, поднесе оставка откога Кралската комисија дознала дека AMP ја лажела Австралиската комисија за хартии од вредност и вложувања во тек на речиси десет години, и на клиентите им наплатувале за услуги кои никогаш не им ги дале. Турнбул изјави дека посочил на проблемите во споменатата индустрија за време на роденденот на Westpac уште во април 2016 година кога почнаа да се спроведуваат реформите.
„Кога банките ќе направат нешто погрешно мораат да платат надокнада, за тоа нема сомнение. Одлучни сме да обезбедиме луѓето кои се оштетени да добијат надокнада и тоа да се направи на делотворен начин. Политички гледано, сите политички коментатори се во право, ќе беше добро порано да ја основавме комисијата, но мислам дека на прво место ги ставивме клиентите. Пред две години на прославата на роденденот на Westpac, во својот говор укажав на неприфатливото однесување на банките и тогаш посочив за нивниот неуспех, клиентите да ги стават на прво место. Тие работат со општествена дозвола и задолжени се така да се однесуваат. Ги прозвав на тоа. Донесов одлука да не се основа Кралска комисија во тој момент и гледајте, политички сте во право кога велите дека за нас би било подобро тоа да го направевме пред некоја година. Несомнено Бил Шортен би составил Комисија во време кога тој бил министер за финансии” – изјави тој.
Рече и дека веројатно ќе се спроведат нови реформи. “Сега имаме Кралска комисија и ќе добиеме извештај на нејзините повереници за состојбата во финансискиот сектор и совети поврзани со реформи кои веќе се почнати и за тоа како да се унапредат. Некои работи (докази од Комисијата) се шокантни, но во склад со проблемите кои ги идентификував пред две години, како културата на банките и останатите финансиски индустрии се влошени така што клиентите повеќе не ги ставаат на прво место.”