Реформи во школството се неопходни

Во предизборните кампањи либералната коалиција, која победи, даде ветување дека нема да го смени моделот на лабуристите и дека ќе го почитуваат до долар, но сега министерот за образование Кристофер Пајн вели дека ќе треба да се направи друг модел. Сите се сложуваат дека реформи се неопходни бидејќи децата заслужуваат да бидат подготвени за иднината што е можно подобро. 

 

Проблемот со австралиското образование во изминативе неколку декади е што сите деца што доаѓаат од социјално загрозените семејства сега учат во јавните школи. Во исто време се отвара се поголем јаз во знаењето помеѓу државните училишта и приватните. Претходната федерална влада започна со реформите наречени ”Гонски” но не успеа да ги имплементира иако повеќето држави го потпишаа тој договор за финансирање со кој ќе се намали разликата на условите во школувањето во државните и приватните училишта.

Останати вести