Министерот Реј Вилијамс во посета на Македонската заедница во Квинбијан

Министерот за мултикултурализам, Реј Вилијамс, минатава среда се сретна со лидерите и членовите на македонската заедница од Квинбијан за време на неговата посета.

„Беше прекрасно да се слушне од прва рака за фантастичните придонеси што Македонците ги направија во заедницата на Квинбијан”, рече Вилијамс.
„Во Монаро живеат повеќе од 1.000 луѓе со македонско потекло.”
„Ние ги цениме и признаваме значителните придонеси на македонските Австралијци во нашето мултикултурно општество во Нов Јужен Велс”.
Секретарот на Македонската заедница на Квинбијан, Ентони Закоски, рече дека групата е посветена на поддршка на Македонците.
„Нашата организација е вклучена во заедницата, поддржувајќи ја црквата, локалните бизниси и ние сме тука и за поддршка на пензионерите од македонско потекло доколку им треба некоја помош”, рече Закоски.
„Спортот, уметноста и културата се важни за нашата заедница, така што работиме и со локалните спортски организации, за организирање на фудбалските игри, организиравме поетски читања и имаме голема локална играорна група.
„Беше задоволство да се биде домаќин на министерот за мултикултурализам и да го запознаеме со нашата култура”.
Во Монаро има 1.234 лица од македонско потекло од кои 527 лица се родени во Република Македонија.

Останати вести