Река, Силјановска, па Пендаровски – редоследот на гласачкото ливче за Претседател на Републиката

Во Државната изборна комисија беше извршено жребувањето за редоследот на гласачкото ливче на тројцата кандидати за Претседател на Републиката.

Под број 1 ќе биде Блерим Река, број 2 е Гордана Силјановска Давкова и број 3 за Стево Пендаровски. Бројчињата ги влечеа официјалните претставници на изборните штабови на кандидатите, кои ќе потпишат и Кодекс за коректно однесување на престојните избори.

Според ДИК, кандидатурите на тројцата кандидати се поднесени со над 10.000 потписи.

Првиот изборен круг ќе се одржи на 21 април, а вториот на 5 мај. Кандидатот кој што ќе го добие потребното мнозинство ќе стане прв претседател на Република Северна Македонија иако изборите се рспишани за Претседател на Република Македонија.

ДИК предупреди дека кампањата не смее да започне пред 1 април, ниту да трае по полноќ на 19 април (20 април е изборен молк, а на 21-ви е гласањето). Се испрати апел до кандидатите да ја прекинат неформалната кампања од средби, изјави и промовирање по социјалните медиуми.

Останати вести