Рекордна заинтересираност за концертите на Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд

Во петокот во Гранд Нерет рецепција, а во саботата во Спортскиот центар на фудбалскиот клуб Рокдаел Илинден се одржаа долго очекуваните и одамна распродадени концерти на најпопуларната група од Македонија “Енерџи банд” од Скопје со македонската ѕвезда Ѓоко Јовиќ.

Ѓоко навистина покажа зошто е прв во Македонија и е меѓу најбараните пеачи на Балканот. Со својот глас и шарм создаде атмосфера и заедно со публиката се веселеше. Тоа беше своевидна магија.
Оваа турнеја во органазација на Република ентертаинмент според бројот на распродадени концерти и големиот интерес во јавноста изгледа ќе биде рекордна и најуспешна до сега во Австралија.
Во распродадените сали се очекува публика од над 4,500 луѓе што ќе ги видат во живо “Енерџи бенд” и Ѓоко Јовиќ.

Останати вести