СОКОЛОВСКИ ЌЕ ГО ВОДИ ВТОРИОТ ТИМ
Во фудбалскиот клуб Алтона Меџик Вардар, кој е лидер во Првата фудбалска лига на Викторија, дојде до реорганизација во стручниот штаб.
Имено, досегашниот помошник на Владо Тортевски, кој е главен тренер во тимот, Славче Соколовски е назначен да го води вториот, резервен тим на клубот, а на неговото место асистент на Тортевски е поставен Парис Герм. Тој и порано, кога Алтона Меџик Вардар беше член и шампион на Премиер лигата, му беше асистент на Владо Тортевски, сега се врати повторно во клубот.
-Задоволен сум што ќе работам со помладите категории. Веќе и ги тренирам младите до 13 години, ова е нов предизвик за мене, бидејќи од оваа втора екипа ќе произлегуваат идните првотимци на Алтона Меџик Вардар, ни рече тренерот Славче Соколовски.
Инаку, од играчкиот кадар како засилување дојде Никола Марковски од Сиднам Парк Македонија, а од клубот заминаа искусниот Гаспарис кој ќе игра за Паско Вале, член на Премиер лигата, потоа Муноз, порано и Вахид.
Трајче Бошковски