Aко живеете во една од овие локации, има само четири причини да излегувате од дома:
Купување храна или други основни продукти
Заради укажување нега, од милосрдни причини или за да добиете медицински третман
Вежбање (на отворено, со само уште едно лице или членови на вашето домаќинство)
Заради работа или образование, ако не можете да работите или учите од дома.
Не може да ви доаѓаат посетители дома или вие да посетувате други, освен заради укажување нега и од милосрдни причини.
Рестрикциите ќе важат за активности и простории во овие области:
рестораните и кафетериите може да служат само храна што нема да се јаде во нив (takeaway) или ќе се испорачува дома
пабови, барови и клубови ќе бидат затворени, освен за служење на храна што нема да се јаде во нив (takeaway) или алкохол
салоните за разубавување и лична нега мора да бидат затворени, освен фризерските и берберските салони
библиотеки, општествени простории, спортски центри и туристички објекти за престој ќе бидат затворени
галериите, музеите, историските знаменитости, зоолошките градини, забавните паркови на отворено и аркадите, центрите за играње, кината под покрив и на отворено (drive-in), концертните сали, театрите, аудиториумите, арените, стадионите, казината и кладилниците ќе бидат затворени
ќе бидат затворени спортските објекти под покрив и на отворено, вклучувајќи ги теретаните, објектите за тренирање и пливачките базени. Личните тренинзи на отворено се дозволени за најмногу двајца учесници покрај инструкторот
венчавките се ограничени на пет лица (двојката, двајца сведоци и лицето што ја извршува венчавката (celebrant)
погребите се ограничени на 10 ужалени лица, плус тие кои се потребни за извршување на погребот
венчавките или погребните церемонии што се одржуваат во приватно живеалиште ќе бидат ограничени на членовите на домаќинството, плус лицата потребни за извршување на церемонијата.
Верски церемонии и богослужби може само да се извршуваат „онлајн”, со најмногу 5 лица да го водат обредот или службата.
За да се сочуваме себеси и нашите заедници безбедни, мора да бидеме одговорни. Тоа вклучува:
Ако се чувствувате болни, останете дома. Не посетувајте роднини и не одете на работа.
Ако имате симптоми на коронавирус, вие мора да се тестирате.
Ако можете да работите од дома, тогаш мора да работите од дома.
Ако се гледате со луѓе кои не се од вашето домаќинство, мора да држите растојание – не се ракувајте и не се прегрнувајте. Со тоа ќе ги заштитите вашите сакани.
Мијте ги рацете, покривајте ги устата и носот кога кашлате или кивате, и одржувајте безбедно растојание од 1,5 метар од други луѓе.
Главниот медицински началник (Chief Health Officer) може да ги промени рестрикциите ако ситуацијата се промени.
Еднократна исплата од 1.500 долари е на располагање како помош за викториските работници кои ги исполнуваат условите и за кои било потврдено дека имаат коронавирус (coronavirus) или биле во близок контакт со потврден случај. За повеќе информации јавете се на дежурната линија за коронавирус (coronavirus) на 1800 675 398 (24 часа дневно).
Ако ви треба преведувач, јавете се на TIS National на 131 450.