Комисијата за продуктивност на владата на Турнбул треба да го предаде завршниот извештај и препораки за тоа како треба да се подели приходот од ДДВ.
Данокот на додадена вредност е еден од најделотворните мерки за собирање данок во Австралија, но поделбата на приходот од него, секоја година е камен на кој се сопнуваат државите и териториите, особено во Западна Австралија. Комисијата за продуктивност на владата на Турнбул ќе го предаде својот завршен извештај за предлог за измена на дистрибуција на приходните од ДДВ.
Дали некоја од препораките ќе ги намали расправиите околку поделбата на приходот кои ги слушаме секоја година, останува да видиме, но ако се предложи поголем дел од колачот од $66 милијарди од приходот од ДДВ, да отиде во една единица, останатите ќе загубат. Комисијата го предаде прелиминарниот извештај за промена на системот на хоризонтална фискална еднаквост (HFE) минатиот септември, а зборувајќи за него државниот ризничар Scott Morrison изјави дека е потребно вистинско решение, а не привремено. Проблемите кои го опкружуваат моменталниот систем во прв план излегоа кога на помалку од 30 отсто приход од ДДВ намален е уделот кој го добива Западна Австралија, дури и во времето кога цветањето на рударската индустрија заврши. Ова федералната влада ја присили да доплати $1,2 милијарди, додека лабуристите ветија дека ќе финансираат дополнителни $1,6 милијарди ако ги освојат следните федерални избори. Но, комисијата изјави дека осигурувањето на дополнителни уплати или дефинирање на минимален удел во дистрибуција на приходите од ДДВ не се трајно решение. Таа смета и дека моменталниот систем значи дека државите и териториите не се поттикнати на позитивни промени во својот даночен систем за максимално да ги искористат ресуристите и минералите кои ги поседуваат. За да се променат резултатите на државите низ HFE системот потребно време и за распределба на приходите, дури и сега Западна Австралија ќе добие само 47 од секој долар од ДДВ во следната финансиска година, додека Нов Јужен Велс ќе добие 86 центи и со тоа е најсилна држава во Австралија во таа насока.
Во прелиминарниот извештај се предложуваат рeструктуирање на HFE системот во „поразумен” стандард користејќи ја другата најсилна држава Викторија или просек како темел на поделбата.