Резултатите од предвремените избори

Резултатите од спроведените предвремени избори се само показател на низа проблеми со кои се соочува прајминистерот Малкомл Турнбул.

Зголемена е поддршката за опозицијата и ова е последен аларм за прајминистерот Турнбул, кој ќе мора да ја извади својата влада од период на апатија и пред да се соочи на претстојните избори со опозицијата предводена од Бил Шортен. Но, доаѓаат и други потешкотии. Прајминистерот наскоро ќе мора да го објави извештајот на Phillip Ruddock за заштита на верските слободи, тема која директно се поврзува со чувството на незадоволство меѓу либералите околу тоа дали навистина повеќето Австралијци ги поддржуваат истополните бракови. Ова ќе предизвика многу расправи во владата и ќе резултира со тоа либералите и националистиите повторно да се насочат кон интерни конфликтни ставови. Чудно е како тоа се организираше референдум за гласање за хомосексуални бракови, а тие да се бројат во бирото за статистика, наместо да биде тоа од изборната комисија.
Владата исто така ќе мора да го одбрани својот пакет мерки за намалување на даноците за големите компании, што е спротивно на анализата на исходот на посебните избори која тврди дека оваа мерка е непопуларна – барем на изборите за местата Longman и Barddon. Повторно треба да се нагласи дека предвремените избори на големо се разликуваат од општите избори, но пакетот на даночни мерки во најмала рака на владата ќе и биде тешко да го продаде на јавноста. Парламентот повторно ќе заседува на 15 август и петте новоизбраните пратеници ќе положат заклетва. Пратениците на коалицијата ќе мораат да го гледаат враќањето на тројца поранешни членови на лабуристите, плус едно ново лице од редовите на лабуристите и повторно поддржан член на помала партија. Службената постапка на давање заклетва повторно ќе ги оживее резултите од изборите спроведени за време на викендот со насмевка на опозицијата. Кралската истражна комисија за работа на банките и други финансиски услуги во септември ќе го објави својот прелиминарен извештај. На владата исто така многу ќе и биде тешко да објасни зошто банките заслужуваат големи даночни олеснувања.

Останати вести