Пикник и лов на рибарското друштво Кинг Парк Македонија

Рибарското друштво Кинг Парк Македонија од Ст. Албанс е едно од најактив­ните македонски друштва од Мелбурн. Тие редовно, секој четврток се собираат, се дружат и се договараат за идните настани. Митинзите секогаш завруваат со вечера. Рибарското друштво организира и пикници и лов на риби. Така во неделата рибарите на Кинг Парк Македонија беа на лов на риби во Едвард Ривер, што е на триипол часа од Мелбурн.

Денот им беше наклонет, убаво и сончево време, се уловија доста риби, а членовите покрај рибарењето си направија и скара, како и разни мезалоци. Со еден збор си поминаа едно убаво неделно поладне.
Беа доделени и три награди за лов на риби, првата од 100 долари ја доби Музо, втората и третата награда од по 50 долари им припаднаа на Мартин и Цане Даскаловски.

Трајче Бошковски

Останати вести