И покрај тоа што минатата сезона загуби во генералниот пласман од тимскиот колега Даниил Квјат, Даниел Рикардо уверува дека претстојната сезона тој ќе биде побрзиот возач во Ред Бул.
Првиот дел од 2015 година му припадна на Aвстралијанецот, но кон крајот на сезоната, Rусинот зема замав и беше покомпетитивен.
„Дани очигледно дека има природна брзина. Јас отсекогаш сум уживал во брзите свиоци, но тој е многу блиску до мене во тој дел. Сакам да мислам дека кога двајцата сме на својот максимум, јас се уште сум побрзиот. Но, доколку тој ме види дека следната година сум побрз во брзите свиоци, ќе се доближи до мене во тој сегмент. Цело време ме турка и ме мотивира, а досега на квалификациите успевав да најдам малку екстра и да излегувам пред него. Воопшто не е лесен противник, но сметам дека досега одлично се справував со него”.
Во врска со “тромиот” почеток на Квјат минатата година, Рикардо смета дека неискуството е виновно за тоа.
„Тој е типичен претставник на младата генерација возачи кои влегоа во потера по мене, тој и Карлос Сајнз, тие цело време се под полна гас. Првите неколку трки мислам дека беше премногу возбуден и правеше многу грешки во квалификациите. Моите очекувања за резултати беа преголеми, а неговите очекувања од болидот беа преголеми. Изгледаше како да ќе има тешка сезона, но успеа да ја сврти работата”, заврши Рикардо.