Пилотот на Ред Бул во Формула 1, Даниел Рикардо не можеше да го сокрие големото разочарување од пропуштената победа во Гран При на Монако.
Во најинтересниот од сите 5 старта досега во сезоната, грешка на механичарите во боксот го спречи Австралиецот да го извлече максимумот од квалификациите освоени во саботата.
Трката во Монте Карло помина под многу тешки и променливи временски услови, што доведе до инциденти и излегување на автомобил за безбедност. Така Рикардо ја задржa предноста на стартот, а потоа добриот почеток на трката направи добра предност. Непредвидените промени во стратегијата на Ред Бул за гуми сепак го чинеa првото место кое остана за Луис Хамилтон.
– Сакам да искажам благодарност до навивачите. Луѓето можат да се задоволни од шоуто. Не требаше да биде толку атрактивно како што беше, барем од моја гледна точка. Ова е болно, рече Рикардо.
– Што се случи со гумите ? Не знам, немам идеја. Ме повикаа од боксот да влезам. Имавме брзина на дожд, а на почетокот на трката се одвоивме од оние позади нас. Потоа во боксот … таму работите беа такви какви што ги видовте. Се справивме со сите услови во овој викенд, но еве пак сме втори, додаде тој.