Мајсторот за бразилско џиу џицу Роберт Наумоски во „Куќата на славните“

Македонскиот мајстор за бразилско џиу џицу, Роберт Наумоски, кој работи и живее во Австралија влезе во „Куќата на славните” како инструктор на годината за БЏЏ. Ова е големо признание за Наумовски, кој е еден од вкупно тројцата Македонци носители на црн појас во бразилско џиу џицу на светот. 

Македонецот и воедно професор по математика Роберт Наумоски, кој работи и живее во Сиднеј, влезе во „Куќата на славните” во Австралија.
Роберт заслужено го доби признанието во Аделаид, во Гранд хотелот Чеинселор, на 10-тото издание. Тој се здобил со црн појас во бразилско џиу џицу од професор Пауло Гимараеш и мајстор Жорге Переира.
Роберт започнал да се занимава со боречки вештини во 1986 година и својот прв црн појас во нинџутсу го добил во 1992 година. Исто така, има црн појас во “Панкајшн” и “Иаидо”.
Покрај ова има тренирано бокс, кик-бокс и борење.
Како натпреварувач во џиу џицу, Роберт има освоено пет титули на ниво на Нов Јужен Велс, три на ниво на Австралија и четири титули на Пан Пацифик.
Тој исто така има освоено и златен медал за Австралија на Светскиот про џиу џицу турнир во Абу Даби. Има обучено голем број на ММА борци и исто така е тренер на Australia’s first World kids.

Останати вести