По извонредната сезона тренерот на Бродмедоу Маџик Роберт Вирџил си заминува

Државна лига на северен НЈВ

Тренерот на Бродмедоу Маџик, Роберт Вирџил најави дека си заминува оваа недела. Неговиот успех со екипата годинава е очигледен, со шампионската титула и игра во финалето за купот. Роберт, 47, има поминато 17 години како тренер изјави дека сака одмор. Сепак тој и понатаму ќе остане инволвиран во клубот Бродмедоу Маџик. Неговата намера е да им помага на тренерите што работат со подмладокот од 15 до 19 години.

 

Роберт дојде во клубот на нашата заедница од Њукастел во 2010 година, заедно со Дамиен Смит. Двајцата заедно успеаја да го донесат клубот до шампионската титула и победа во купот во 2011 година.

Оваа година Роберт заедно со Боби Наумов и Давид Џонс како негови асистенти, повторно го донесе тимот на Маџик на врвот со шампионска титула и игра во финалето за купот.

Тој изјави за локалниот весник дека е среќен што бил тренер во најдобрите три клубови во лигата, но го издвојув нашиот Маџик како межник кој отскокнува од другите.

Целата управа е фантастична. Многу лесно се работи со сите. Уште првиот ден кога дојдов пред четири години и барав измени да се извршат, не ни трепнаа. Се што побарав разумно, тие го извршија.

Останати вести