“Златна камера 300” за животно дело за холандскиот кинематографер Роби Милер

Холанѓанецот Роби Милер, директор на фотографија во култни филмови, е годинашниот лауреат на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки”, што ќе се одржи од 10 до 17 септември, објавија организаторите.

Роби Милер има снимено повеќе од 80 филма и петнаесетина телевизиски филма. Најмногу соработувал со режисерот Вим Вендерс, чиј прв долгометражен филм Summer In The City го снимил 1969 година. Во нивната долга и плодна соработка се и насловите The Goalkeeper Fear Of The Penalty, Alice In The Cities, Paris, Texas – награден со „Златна палма” во Kан во 1983 година.
– Роби Милер веќе две децении е поврзан со фестивалот „Браќа Манаки”. Неговото прво учество, на 17 издание, беше со „Спроти брановите”, кој во 1996 година во извонредно силна конкуренција доби „Бронзена камера 300″ – рече новиот дифектор на Фестивалот Благоја Kуновски.
Милер на „Браќа Манаки” учествуваше и во 2000 година, а во 2002, кога беше и претседател на жирито, доби специјална „Златна камера 300″ за особен придонес во светската филмска уметност.
„Златната камера 300″ за животно дело на Милер, кој е врзан за инвалидска количка од 2010 година, ќе му биде врачена на 3 јуни во Амстердам во Eye Film Institute, на отворањето на тримесечната ретроспективна изложба „Мајстор на светлината”, на која ќе биде претставен опусот на Милер, соработки со филмски автори низ фотографии, видеа и инсталации.

Останати вести