Роботи ќе разнесуваат пици на Domino’s

Гигантот во сферата на брза храна, Domino’s планира да започне да тестира снабдување со роботи во Нов Зеланд, пишува Бизнис Инсајдер.

Потегот е поддржан од новозеландската влада, а самата компанија најави дека работи со властите за спроведување на своите планови да ги пушти DRU (Domino’s Robotic Unit – единица за роботи).
Роботот со четири тркала, развиен во Австралија, е висок помалку од метар и има сад во кој може да се вклопат до 10 пици, што ги задржува топли.
Уредот има батерија и користи сензори со кои избегнува пречки на патот. Според Domino’s роботите можат да испорачуваат пица во радиус од 20 километри од нејзините ресторани, а потоа да се вратат, за да бидат повторно наполнети. Клиентите добиваат код кога прават нарачка, кој го внесуваат на тастатурата на роботот за да се отклучи делот во кој се наоѓа нивната пица.
Генералниот менаџер на ланецот во Нов Зеланд. Скот Буш изјави дека компанијата е уверена дека DRU ќе стане составен дел од „семејството на Domino’s”. Според него, тоа е патот кон иднината и фирмата е исклучително возбудена од можноста да тестира слични иновации.
Иако не е јасно кога точно почнуваат снабдувањата, министерот за транспорт Симон Бриџи вели дека владата работи со Domino’s на проектот и нема трпение да почне.
– Ова е возбудлива можност за Нов Зеланд … во последните 12 месеци јас активно и агресивно го промовирам Нов Зеланд како место за тестови на нови транспортни технологии, прокоментира тој.
Нов Зеланд се уште работи на регулацијата на беспилотни возила како DRU кои се создадени, за да можат да се движат како на пат, така и по тротоарите.

Останати вести