24 години држел робови од Самоа, заработи 11 години затвор

Судот на Нов Зеланд го осуди на 11 години затвор 66-годишен Џозеф Матамата од Самоа поради робовладетелство.
Тој изминатите 24 години ги намамувал жителите на Самоа ветувајќи им добро платена работа, а потоа мигрантите работеле без надомест на неговата фарма и во неговито дом, а ако одбиеле биле претепувани.

– Случајот со Џозеф Матамата ја откри тажната реалност дека трговијата со луѓе и ропството се проблем насекаде и постојат и на Нов Зеланд – изјави адвокатот на жртвите.
Матамата треба да плати и $183.000 новозеландски долари компензација на 13 жртви, од кои најмладиот кога пристигнал на Нов Зеланд имал 12 години.
Тоа е прво дело за робовладетелство во историјата на Нов Зеланд.

Останати вести