Пред општината во Рокдаел се развеа знамето на Македонија

Тоа што го најавивме пред неколку недели конечно се оствари во Сиднеј. Овој викенд во општината Рокдаел гордо се подигна знамето на Македонија на јарболите пред општинската зграда.

На настанот беше и амбасадорот Веле Трпевски, а за пригодната атмосфера се погрижија играорците на МКУД “Илинден”, кои уште еднаш на отворена сцена го репрезентираа својот извонреден талент. Убав гест на градоначалникот Бил Саравиновски, а на церемонијата беше и советникот во општината кој е исто така од македонско потекло, Николас Мицковски.
Покрај нашите званичници, од пошироката заедница беа забележани Шакет Моселмане, претставник во горниот дом на парламентот, Стивен Кемпер, парламентарец за Рокдаел, Кристофер Минс, пратеник за Когра, Питер Ристевски, советник од општина Ливерпул.
Во својот говор амбасадорот Трпевски зборуваше за 8 септември, денот на независноста на Македонија, за настаните во Куманово, и за значењето на македонската заедница во Австралија.

Останати вести