Рокдаел Илинден ќе игра со Мелбурн Виктори

Куп на ФФА 

Бидејќи се очекува голема заинтересираност за оваа средба, и поради барањата за осветлување и осигурувањето за професионалните фудбалери, натпреварот на кој домаќини се Комитите, ќе се игра на Јубилее Овал во Когра. 

Во елиминациите за Купот на Фудбалската федерација на Австралија (ФФА), меѓу преостанатите 16 клуба се наоѓа и Рокдаел Илинден. Со ждрепка, нашиот претставник беше извлечен да игра против минатогодишниот освојувач на шампионатот на А-лигата Мелбурн Виктори.
Бидејќи се очекува голема заинтересираност за оваа средба, и поради барањата за осветлување и осигурувањето за професионалните фудбалери, натпреварот на кој домаќини се Комитите, ќе се игра на Јубилее Овал во Когра, во вторник, на 1 септември, со почеток во 19.30 часот. Оваа средба ќе се пренесува директно на телевизија, на Фоџ Спортс.
Управата на клубот заедно со општината Рокдаел ги испита сите можности оваа средба да се одигра на спортскииот центар Илинден, но трошокот за привремени светла или за подобрување на сегашните беше превисок.
Картите за овој натпревар ќе се пуштат во продажба од среда, 19 август, и ќе може да се набават преку Тицкетек.
Минатото коло натпреварот помеѓу Рокдаел Илинден и Перт ФК забележа најголема публика од сите игри на клубовите од Националната премиер лига за ФФА купот тоа коло. На средбите за купот на ФФА 12-ти играч е верната публика на Комитите, која бучно навива за својот тим, па се очекува и на оваа средба да биде голема моралната подршка за фудбалерите.
Комитите во средбата против Виктори нема зошто да се плашат, сепак во Рокдаел Илинден има многу фудбалери со искуство од елитната А-лига. Почнувајќи од тренерот и играч Пол Рид, поранешен фудбалер на Аделаид Јунајтед, Мелбурн Харт и Сиднеј ФК, голманот Иван НеЧевски, Алек УроШевски, Марко ЈесиЌ и Дилан Макалистер, сите тие имаат играно во А-лигата.
Сите сме горди на овој успех на Рокдаел Илинден и сакаме и понатаму борбено и спортски да ги прикажуваат боите на нашата заедница.
Голем успех на Рокдаел Илинден, воедно и најголем спортски успех на екипа од нашата заедница во овој куп.

Останати вести