Рокдаел Илинден повторно се закити со титулата

Екипата на Рокдаел Илинден

Македонски куп 2016 Волонгонг
Волонгонг Јунајтед – Рокдаел Илинден 0:2
Минатава недела во финалето на МАСО купот 2016 се сретнаа Волонгонг Јунајтед и минатогодишниот освојувач на трофејот Рокдаел Илинден.

Комитите беа поуспешни и постигнаа два гола, по еден во двете полувремиња.
Турнирот започна со откажување на сите натпревари во петокот, поради врнежливото време, тие средби беа прогласени за официјално нерешени. За време на деновите на МАСО куп 2016 во Волонгонг повеќе од 2,000 луѓе ги следеа средбите.
На завршницата за прв пат беше организиран свечен бал, на кој управите и фудбалерите можеа заеднички да се дружат.

Освојувачи на купот:
2016 Рокдаел Илиден
2015 Рокдаел Илиден
2014 Алтона Маџик Вардар
2013 Рокдаел Илинден
2012 Сиднеј Македонија
2011 Рокдаел Илинден
2009 Анклиф Скотс
2008 Алтона Маџик Вардар

Екипата на  Волонгонг Јунајтед

Свечениот бал во Волонгонг

Групна фотографија на претседателите на македoнските клубови

Задоволителна беше посетеноста

Останати вести