Роналдињо уапсен поради фалс пасош, а можел да влезе само со лична карта!?

Апсењето на Роналдињо во Парагвај е главна тема во спортските медиуми. Некогаш најдобриот фудбалер во светот во оваа држава влегол со фалсификуван пасош. Парагвајските власти ги пуштиле Роналдињо и неговиот брат да влезат во земјата, а потоа ги уапсиле во хотелот каде што се сместиле.

Роналдињо е уапсен поради својата неинформираност. Медиумите во Јужна Америка објавија дека за да влезе во Парагвај воопшто не му бил потребен пасош, можел да влезе само со лична карта.
Инаку, Бразил му ги одзеде патните исправи на Роналдињо минатата година поради нелегално изградениот рибник во Порто Алегре. За нелегалното градење тој беше и парично казнет со 8.5 милиони американски долари.
Во престолнината на Парагвај, Асунсион, Роналдињо дошол за да ја промовира својата нова книга, а требало да учествува и на хуманитарен настан.
Бидејќи нема бразилски пасош тој решил да го фалсификува и тоа парагвајскиот!? Глупоста е што иако е светска ѕвезда во пасошот му стоело дека е државјанин на Парагвај.
За неверување е дека Роналдињо и неговиот брат не знаеле дека во Парагвај можеле да влезат само со лични карти. Бразил и Парагвај, заедно со Аргентина, Уругвај и Венецуела се членки на трговската унија наречена Меркосур, поради што на државјаните на овие земји им е дозволено да ги преминуваат границите само со лична карта.
Ја призна грешката и е пуштен да се брани од слобода
Роналдињо ја призна грешката и поради тоа беше помилуван и ослободен од притвор. Но, останува да видиме дали ќе добие затворска казна, која во Парагвај би можела да достигне до пет години, поради поседување на лажни документи.
Јавноста им замери на полицијата и обвинителите дека биле импресионирани од поранешната фудбалска ѕвезда.
– Па, тој е светски идол, за мене е најдобриот фудбалер на светот и тоа никој не може да му го земе. Да, бев таму, не морам да кажам не и не морам да давам дополнителни објаснувања. Тоа е само обична фотографија… Тој е светски идол и јас сум љубител на фудбалот, се шегуваме и го замолив за фотографија. Секој може да го сфати тоа како исправно или погрешно, но тој останува идол сè до смртта. Тој не е криминалец, а за мене е фудбалски идол – изјавил Мигел Лопес, началникот на полициската станица каде што беше приведен Роналдињо.

Парагвајците не му дозволија на Роналдињо да се врати дома, го уапсија пред да се качи во авион
Роналдињо не успеа да го напушти Парагвај, властите најпрво му дозволија да се брани од слобода, но брзо потоа се предомислија и го вратија зад решетки.
Адвокатот на Роналдињо, Сержо Квеироз го потврди апсењето за „Асошиејтед прес” и рече дека неговиот тим во Парагвај добил дозвола фудбалерот да се брани од слобода. Тој информираше дека Роналдињо се подготвува да се врати во Рио Де Жанеиро каде што живее.
Но, Парагвајските власти во меѓувреме се предомислиле, откако утврдиле дека не смеат така да го пуштат Роналдињо да се брани од слобода. Пред да се качи во авионот го уапсиле повторно и го вратиле во притвор.
Дополнително ќе одлучуваат дали и колку ќе го држат или со дополнителни гаранции ќе го пуштат да се брани од слобода.

Останати вести