Кристијано Роналдо своите рекорди ги нарече „убави”, но сепак го стави својот тим во преден план.
Јувентус го совлада Лацио со 2:1, а Кристијано Роналдо ги постигна двата гола за “старата дама”, приближувајќи го клубот еден чекор поблизу до титулата.
Истовремено Португалецот стана првиот играч кој постигна најмалку 50 гола во трите најсилни лиги на светот, а исто така стана и играч кој најбрзо постигнал 50 гола во Серија А (тој го постигна својот 50-ти гол во 61-от натпревар, додека Андреј Шевченко во дресот на Милан по 68 натпревари стигна до 50 гола).
Кристијано Роналдо исто така стана само третиот играч во историјата на Јувентус кој постигнал 30 погодока во една сезона, и прв во последните 68 години (Феличе Борел 31 гол во сезоната 1933/34 и Џон Хансен 30 гола во сезоната 1951/52).
До крајот на сезоната има уште 4 кола, па ЦР7 може да го собори и рекордот на Гонзало Игуаин и Џино Росети за најмногу погодоци во една сезона (36 гола).
– Навикнат сум да рушам рекорди и да испишувам нови. Да, рекордите се важни, но најважно е тимот да победува и да се освојуваат титули. Ние сме феноменална дружина и вечерва уште еднаш го покажавме тоа. Секако, целта е постојано да се подобруваме и да се ја поместуваме границата – вели Кристијано Роналдо.
– Рекордот на Игуаин? Да, ќе биде убаво доколку успеам да го соборам, ќе видиме…
Запрашан на оваа тема, тренерот на Јуве, Маурицио Сари вели:
– Роналдо е феномен, шампион од секој аспект: физичка подготвеност, техника и менталитет. Му нема рамен кога е во прашање опоравување по натпреварите. Нема нешто што не може да направи, па доколку науми да го урне рекордот на Игуаин, тешко дека некој ќе го сопре!
Би сакал да го одморам, но тој е во одлична форма и мислам дека нема да има потреба…