Ронда Руси е секаде во моментов. На телевизија, на филмското платно, на насловните страни на магазините и на каучот на ток шоу емисиите.
Но, Ронда во ноември на Етихад стадионот во Мелбурн, ја очекува UFC борбата против противничката Холи Хорм во одбрана на светската титула.
Мечот во Австралија е закажан за 15-ти ноември, а таа уште од сега се наоѓа во Австралија каде што пристигна да го промовира мечот кој веќе се предвидува дека ќе го сруши новиот рекорд на публика – над 60,000 посетители.
Но, кои се работите што треба да ги знаете за Ронда?
Нејзината мајка Ана Марија Руси е екс светски шампион во џудо во категоријата до 56 килограми
А и самата Ронда освои бронзен медал во џудо на ЛОИ во Пекинг (во категоријата до 70 килограми)
Веќе ја одбрани титулата во UFC (Ultimate Fighting Championship) против предизвикувачката Бете Кореира. На мечот во Рио де Жанеиро таа ја порази противничката за само 34 секунди.
Ронда е најплатената спортистка во UFC (Ultimate Fighting Championship) без разлика дали е маж или жена
Веќе беше дел од успешни филмски франшизи
The Expendables 3
Furious 7
Entourage
А ќе се глуми самата себе си во автобиографаскиот филм, адаптиран од нејзината биографија My Fight/Your Fight.

