Членовите на националната асоцијација на готвачи ГАСТРОМАК се заблагодаруваат на РОСА ДОРА ИМПОРТС за комплетната поддршка за учеството на светскиот гастрономски натпревар во Истанбул што ќе се оддржи од 10 до 14 февруари 2016.
Националната Асоцијација на Готвачи на Македонија, под капата на Светската Асоцијација на Готвачи, заминува за Турција на Светскиот Натпревар.
За првпат е отворена врата за Македонија да влезе на ваков светски гастрономски фестивал со натпреварувачки карактер.
Тоа дојде од соработката на Адријана Алачки со претседателот на Ташфејт, на Турската Федерација на Готвачи, Алчин Мана.
Ќе се натпреваруваат Никола Мишковски, Марк Дејонг, Бобан Билбиловски, Зоран Андоновски, а шефот на кујната на “Александар Палас”, Љупчо Агиевски ќе биде судија на светско ниво.
Тимот сака да изрази и една голема благодарност до Роса Дора од Сиднеј, посебно до Никола Неделковски, кој со еден збор ја поддржа оваа екипа, да може да замине на натпревар.