Во минатата недела на 18ти Октомври со почеток во 11 часот по шести пат се одржа собирна акција за финансиска помош на Советот за рак во Нов Јужен Велс за понатамошно истражување и изнаоѓање лек за ракот на дојките.
Како и претходните годинии овој пат овој настан беше организиран од женската секција при црквата Св. Петка во Рокдаел Суднеј под водство на Лена Котевич. Оваа група даде голем труд, работа и потроши многу време, но велат дека прават се од срце и во чест на свои најблиски кои починале од ова заболиување.
Сите ние треба да се гордееме со нив и да им честитаме за ова што прават и јас бев сведок на ова во саботата кога помогнав колку што можев но работата што тие ја прават е огромна и тешка и се разбира се поткрепени од управата на црквата Св. Петка и заедно се трудат да направат што може поубаво. Салата како и секогаш беше уредена преубаво во бели и розеви бои преполна со жени македонки од сите возрасти вкусно облечени некои и во розеви бои. На масите имаше благи и соленки за поткаснување направени од вредните раце на нашите македонки. Ист така масите беа збогатени со две шишиња вино подарено од Катерина од Маквилиамс вајнс како и многу бројни спонсери кои подарија за богатата лотарија и вкусна пица подарена од Лас Вејгас пица сопственост на Јово и Ружа Зарич.
Програмата ја отвори господиниот Пита Котевич кој накратко ги поздрави и се заблагодари на присутните. Програмата многу убаво ја водеше Жаклина Трајкова која ги најави специјалните гости и редоследот на програмата. Воедно кон присутните се обрати и сегашниот свештеник на црквата Прота Рубин кој со убави и поучни зборови ги поздрави сите.
Исто така имаше специјална гостинка претставник од одделот за мамограмско снимање на дојките од болницата Сант Џона од Когра Бошуа Хамати која се обрати кон сите со објаснување за важноста на редовно снимање на дојките еднаш на две години како и еднаш месечно самопрегледување кога се тушираме.
Оваа година за малку разонода настапија со неколку ора убавите девојки од КУД Илинден од Рокдаел кои идната године ќе прославуваат 50 години од нивното постоење, истите беа заслужено наградени со бурни аплаузи.
Убаво беше дека имаше време и прилика да се видиме и да се помуабетиме а во исто време да допринесеме за една многу важна цел наоѓање на лек за ракот на дојките од која болест како што знаеме голем број на луѓе умираат.
Беше прекрасен и продуктивен ден и многу добро за афирмација на нашата македонска заедница.
Славица Марцевска




