И Врховниот суд е за импичмент на Русеф

Врховниот суд на Бразил го одби барањето на Федералната влада за поништување на процедурата за импичмент на бразилската прет­седателка Дилма Русеф.

Владата побара од Судот да го спречи гласањето во Парламентот за импичмент на Русеф, кое е закажано за в недела. За одбивање на владиниот предлог се изјаснија седум од десетте судии на Врховниот суд.
Иницијативата на Владата уследи откако мнозинство пратеници во Конгресот од редовите на најбројната политичка сила, Партијата на бразилското демократско движење (ПМДБ) најавија дека ќе го поддржат импичментот.
Според лидерот на ПМДБ, Леонардо Пициани, дури 90 отсто од 68-те членови на неговата парламентарна група ќе гласаат за импичмент на Русеф, која е обвинета за непочитување на законите за државниот буџет.

Останати вести