Русија нема намера да влегува во трка со вооружување со САД, соопшти портпаролката на руското Министерство за одбрана Марија Захарова.
Таа додаде дека Русија веќе ги коментирала плановите на Пентагон за зголемување на воениот буџет за 2017 година за четири пати.
– Никој нема да се впушта во нова трка за вооружување. Никој нема да се обиде да стигне или престигне други. Секако, ги потсетуваме нашите колеги во Вашингтон и од Брисел дека секој непријателски чекор и обид за притисок врз Русија ќе наиде на адекватен одговор, во политичка и дипломатска како и во сферата на одбраната, изјави Захарова. Таа потенцира дека никој не треба да се сомнева дека Русија ќе направи сè што е неопходно за својата безбедност иако е определена за мир.