Русија повика САД да ги укинат санкциите, инаку ќе ги напади од МВС

Москва бара укинување на американските санкции против руските компании во замена за продолжување на учеството во работата на Меѓународната вселенска станица (МВС) по 2025 година, изјави шефот на руската вселенска агенција.

„Ако сакаме да соработуваме, санкциите мора веднаш да бидат укинати”, рече Дмитриј Рогозин, шеф на руската вселенска агенција, пренесува Интерфакс.
Русија ќе се потпре на сопствената вселенска станица ако Соединетите Држави не ги укинат санкциите, изјави шефот на Роскосмос.
Москва неодамна го доведе во прашање нејзиното учество во управувањето со 20-годишната Меѓународна вселенска станица (МВС) по 2025 година.
Рогозин во април рече дека Русија започнала да гради своја вселенска станица. Неколку руски вселенски компании се под санкции на САД, кои беа воведени поради руската поддршка на сепаратистите во источна Украина и анексијата на Крим. Министерството за одбрана на САД, пак, објави дека повеќе не сака да ги користи руските ракети за лансирање сателити.
Роскосмос се пожали дека руските компании ослабуваат на меѓународниот пазар поради санкциите.
Вашингтон е одговорен, доколку одржува санкции, за повлекувањето на Русија од ИСС, рече Рогозин на сослушувањето во Дума.
ISS е заеднички проект на американската НАСА, Роскосмос, јапонската JAXA, Европската вселенска агенција (ESA) и канадската CSA.

Останати вести