Русите со вакцини пак ќе влезат во Берлин

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е потребно да се користи руската вакцина „Спутник 5″ против корона вирусот во Европската унија, а доколку ЕУ не донесе одлука за купување, Германија ќе го стори тоа самата.

Претходно е потребно, како што рече канцеларката, вакцината да биде одобрена од Европската агенција за лекови.
Треба да ги користиме сите вакцини кои се одобрени од Европската агенција за лекови во рамките на ЕУ. Лично, јас сум за тоа нарачката на вакцини да се прави на ниво на Унијата, меѓутоа, јас не гледам никакви индиции дека тоа ќе се случи, поради што Германија ќе мора да го стори тоа самостојно.
Да потсетиме, водачите на три германски држави – Саксонија, Саксонија-Анхалт и Тирингија повикаа на одобрување на руската вакцина „Спутник 5″ против корона вирусот.
Европската агенција за лекови започна на тестирање на руската вакцина на 4 март. Извор запознат со процесот рече дека одлуката за конечно одобрување може да биде донесена во мај.

Останати вести