Руската порно актерка не се откажува: Реши да се кандидира за Гувернер, а сакаше да му биде и противкандидат на Путин

Руска порно актерка која станала позната во јавноста по учество во реалити шоу, реши да се кандидира за гувернер во своето родно место во Мурманскиот дел на северот на Русија.

Таа веќе ја започна кампањата со прашање до своите фанови на Инстаграм:
„Со какви проблеми се соочувате во вашиот град? Како стојат работите во болниците, училиштата, становите…?Сакам да знам повеќе за секојденвниот живот на граѓаните, јас сум со вас” напишала Елена Беркова.
Иако оваа одлука изненади многумина, таа својата политичка кариера ја најави уште во 2009 година кога рекла дека ќе се кандидира на југот од земјата, во Сочи.
Тогаш сними и видео спот за кампањата, но не била регистирана како кандидат.
Пред две години најави дека ќе се кандидира и на претседателските избори во 2018 година, ветувајќи дека ќе воведе испити за секс во училиштата, а дека за сексуално злоставување ќе воведе смртна казна. Меѓутоа кандидатурата и побегна поради процедурални причини.
Беркова тогаш имала 32 години, а руските закони велат дека претседателот не може да биде помлад од 35 години.
Таа се надева дека овојпат ќе биде трета среќа.

Останати вести