Дамир Јусупов, пилотот кој го спушти авионот А321 „Урал ерлајнз”, раскажа на конференцијата за медиумите како донел одлука да го спушти авионот на полјана. Јусупов нагласил дека прво сакал да се врати на аеродром, затоа што моторот не можел да продолжи да лета.
„Но кога видовме дека и другиот мотор се расипува, донесов одлука да го спуштам авионот пред себе”, објаснил тој. Кога сфатил дека авионот неизбежно ќе удри на земја, се обидел да го спушти што е можно помеко.
„Побезбедно е да се спушти авионот без тркала, тие може да се превртат и последиците би биле уште полоши”, објаснил Јусупов.
Иако спасил 233 патници и членови на екипажот, себеси не се смета за херој. Тој вели дека спуштањето на авионот на поле било единствено и правилно решение. Но, кога драмата била завршена ѝ се јавил на сопругата.
„Илегов, го проверив вионот, ги погледнав надворешните оштетувања и се уверив дека сите се на безбедна далечина. Се вратив во кабината и од таму се јавив на сопругата”, додал тој. На новинарите и рекол дека вакви работи се вежбаат и на пилотските тренинзи.
„Затоа бевме морално и професионално подготвени. Ние во Јакетаринбург имаме тренинг-центар и училиште за летање, па благодарение на тие вештини успеавме да го спуштиме авионот”, рекол тој.