Со љубов кон македонскиот јазик, саем на книгата

Под мотото „Со љубов кон македонскиот јазик” и во чест на Денот на македонските просветители и учители Св. Кирил и Методиј, Македонското литературно друштво “Кочо Рацин”, Мелбурн, организира Саем на книгата. Саемот ќе се одржи на 21 мај, Сабота, во просториите на библиотеката во Thomastown, од 10 часот наутро – 1 часот попладне.

Програма:
Изложба на книги од членовите но и од други македонски автори во Австралија и Македонија
Активности за деца
Читање поезија/проза
Гостин – писател
Зачленување во литературното друштво “Кочо Рацин”
Во делот од програмата ќе посветиме простор за делата од наши познати автори кои оставиле траен белег во македонската литература.
Ги повикуваме сите заинтересирани да се пријават до 10 мај доколку сакаат да земат директно учество во програмата на Саемот. За повеќе информации и пријавување обратете се кај:
Гордана 042349682, Виолета 0402757374, Нове 0488001946 или на email:
mld.kocoracin@mail.com

Останати вести