Сај­рус и Хемсворт раскинаа

 Врската на Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт од Австралија пропадна. Пор­тпа­ро­ли­те на двете славни личности потврдија дека двојката ја откажала свр­шу­вач­ка­та.

 

23-годишниот Хемсворт лани и предложи брак на 20-го­диш­на­та Сајрус. Тие се сретнаа на снимањето на филмот “Последната песна” во 2010 го­ди­на.
Сај­рус, позната по хитовите “Не можеме да престанеме” и “Ѓу­ле”, ќе издаде нов албум на 8 октомври.
Авс­тра­ли­е­цот Хемсворт беше една од ѕвездите на “Игри со глад”, а ќе глу­ми и во продолжението на филмот “Игри со глад: Палење”, чија пре­ми­е­ра ќе биде на 22 ноември. Веста за раскинувањето на нивната свр­шу­вач­ка ја објави списанието “Пипл”.

Останати вести