Минатата седмица се играа елиминациони натпреварите за Купот на Фудбалска федерација на Австралија (ФФА), а македонските клубови од Викторија ги постигнаа следните резултати:
Во четвртокот Џилонг Македонија беше поразена на домашен терен од Брансвик Сити со 1:3. Стрелци на голвите беа: Макарунас 17, Тимс 55 и Паз во 69 минута за гостите, додека утешниот гол за Џилонг Македонија го постигна Алан во 75 минута.
Во саботата играше Престон Македонија која на гостувањето кај Гринваел Јунајтед забележа сигурна победа од 3:1. Головите за Престон ги постигнаа: Карл Баричевиќ, Џејмс Харан и Роберт Стамболџиев, а единствениот погодок за домаќинот го даде Убејде Чичек.
Алтона Маџик Вардар на гостувањето кај Баларат Сити доживеа пораз од 1:0. Исто и Лајло Јунајтед Слога на домашен терен загуби од Монбулк Ренџерс со 2:4. Додека Сиднам Парк на гостувањето кај Хјум Јунајтед забележа победа од 1:2. Така што во наредното коло од сите овие наши клубови само Престон и Сиднам Парк Македонија ќе продолжат во наредното коло за купот на ФФА.

