Прва Премиер Лига во НЈВ – Финале
Бонириг Бели Орли – Блектаун Сити 2:0 (1:0)
Недела, Леикхард Овал, по сончево време, а пред околу 1000 гледачи.
Главниот натпревар го водеше штотуку прогласениот најдобар судија Курт Амс.
Во неделата беа одиграни последните три финални натпревари, а со тоа се спушти фудбалската завеса за оваа сезона во Првата Премиер лига во НЈВ.
Во првиот натпревар за тимови до18год. Блектаун Сити беше поуспешен од Сиднеј Олимпик и натпреварот го реши во своја корист со резултат од 4:2.
Во победничкиот тим играше Божиновски, а во поразениот Петровски и Трајковски.
На натпреварот за резервните тимови до 20 год. исто така Блектаун Сити беше поуспешен од Маркони и натпреварот заврши со победа на Блектаун Сити со резултат од 3:2.
Во последните минути од натпреварот капитенот Гроздановски го постигна победоносниот гол, а голманот на Маркони, Секуткоски беше немоќен.
За главниот натпревар владееше големо интересирање и се очекуваше Блектаун Сити ќе се реваншира за поразот од пред две недели што го претрпе токму од Бонириг, меѓутоа, фудбалерите на Бонириг сакаа со победа да го испратат капитенот на тимот, Тадросе во пензија.
Во 37 мин. од слободен удар Иоунис го постигна првиот гол, а во 50-тата мин. Кокадо го постави конечниот резултат на овој возбудлив натпревар.





