Санбури Јунајтед- Алтона Меџик Вардар 1: 2 (1:1)


Прва фудбалска лига на Викторија – 20 коло

И покрај сите проблеми, “магичните” сепак успеаја да се надминат и да забележат тешка победа на жешкиот терен во Санбури.

Домаќините со желба да ја избегнат опасната зона вршеа притисок и напади, но одбраната на Алтона Меџик Вардар засилена со повратникот Славе Божиновски, кој ја издржа казната поради црвениот картон добиен на средбата со Сиднам Парк Македонија, беше сигурна и навреме ги острануваше сите опасности пред голот на Лончариќ.
Алтона Меџик Вардар поведе со голот на Сил кој и на оваа средба играше одлично и ги даде двата гола. Домашните токму на самиот крај израмнија со голот на Пулек кој од слободен удар од 20 метри биеше силно и прецизно во аголот на немоќниот Лончариќ. Убав гол, евро гол би рекле.
Поради груб старт црвен картон доби Бизли па Алтона Меџик Вардар се до крајот на мечот играше со десет играчи. Сепак, на самиот крај по неколку изведени корнери, се создаде мешаница пред голот на домашните, тука снаодливо реагираше Сил кој со силен удар му донесе водство на својот тим и победа, за нови три бода.
Наредното 21 коло ќе се игра по две недели, в сабота на 29 август, кога Алтона Меџик Вардар игра на свој терен со Кило Парк со почеток во 17,30 часот.

Останати вести