Прва државна лига Викторија северо –запад, 22 коло
Лавовите завршија четврти
Средбата против последниот на табелата Санбури Јунајтед долго време беше без голови, се чекаа последните десет минути од играта за да се реши средбата.
Стрелец на единствениот гол, кој воедно е и победоносен, беше Дани Баракат во 80 минута од игра.
Престон Македонија ја заврши сезоната на четврто место, создавајќи трифекта на македонски клубови, веднаш зад третопласираната Алтона Маџик Вардар и вториот Сиднам Парк Македонија.