Санта мраз со големина на град им се заканува на бродовите

Санта мраз, со големина од неколкумилионски град, која во јули се одвоила од глечер во Антарктикот, се движи кон отворениот океан и би можела да претставува сериозна закана за сообраќајните бродски рути.

 

Сантата мраз од 700 квадратни километри е со големина на Сингапур, односно двојно поголема од градот Атланта.

„Санта мраз од таа големина би можела да преживее цела година или подолго и би можела да отплови на север и да заврши во близина на бродските рути во Јужниот Поларен Океан”, изјавил Роберт Марш, научник на универзитетот во Саутемптон.

Марш е дел од тимот научници чија задача е да ја следат сантата и да ја предвидат нејзината траекторија за бродовите кои минуваат во таа област да бидат навреме предупредени за опасноста.

Сантата мраз во последните денови почнала да се одвојува од глечерот и сега раздалеченоста меѓу нив е меѓу еден и два километри.

Одвојувањето на толку масивна санта мраз е долготраен процес. Пукнатината што го предизвикала одвојувањето НАСА за првпат ја забележала во октомври 2011.

Научниците потврдиле дека ова е првпат да се следи движењето на толку голема санта мраз и дека тоа ќе станува сѐ поважно со зголемувањето на последиците од глобалното загревање.

Засега не се очекува дека ова би создало големи последици за бродовите од Австралија, но гоемата санта лед будно ќе се надгледува.

Останати вести