Во интервју за телевизиската емисија „60 минути” Сара Ристевски (24) првпат проговори за смртта на нејзината мајка, откривајќи дека го прашала нејзиниот татко Борче Ристевски дали тој е одговорен за убиството.
– Не можам да го исфрлам тоа од главата – вели Сара во најавата за интервјуто што се емитуваше во неделата.
Сара остана покрај татка си, давајќи му поддршка наспроти обвинувањата со кои тој се соочуваше во текот на судењето. Дури и по пресудата, таа во опис на неговиот карактер наведе оти Борче е „полн со љубов”, „внимателен” и заштитнички настроен татко”, кој „секогаш и помагал на Карен”.
– Сигурно го праша твојот татко: “Дали ти го стори ова”? Го праша: “Дали ти ја уби мојата мајка”? – гласат прашањата на Лиз Хејс која го водеше интервјуто со Сара, на што ќерката на Ристевски одговара дека го поставила прашањето барем еднаш.
– Дури и откако беше обвинет, дали го праша: “Тато, дали ти го стори ова”? Мислам дека луѓето треба да знаат – инсистира новинарката.
Сара, пак, одговори: „Го прашав дали имал нешто во врска со тоа”.
Во телефонски разговор снимен од полицијата во 2016 година, може да се слушне како Сара го испрашува Борче. Таа сакала да знае зошто тој го исклучил телефонот на два часа додека возел во правецот на Маунт Маседон, дента кога ичезнала Карен.
Притоа Сара имаше примедба за начинот на кој детективите ја воделе истрагата, и се заканувале дека и неа ќе ја обвинат за убиство ако не им помогне да соберат докази против нејзиниот татко. Ристевски првично беше осуден на девет години затвор, за казната потоа да биде продолжена на 13 години со одлуката на Апелациониот суд на Викторија, врз основа на поднесената жалба од страна на Обвинителството.
Ристевски беше обвинет за убиство на тогаш 47-годишната сопруга Карен, која исчезнала на 29 јуни 2016 година, а нејзините останки се пронајдени осум месеци подоцна, во февруари 2017 година кај националниот парк Маунт Маседон, на оддалеченост од околу 50 километри северно од Мелбурн.
Максималната казна за убиство без умисла изнесува 20 години, а признавајќи го злосторството Ристевски избегна доживотна затворска казна. Незадоволство од првичната пресуда изразија организациите за спречување на семејното насилство, како и членовите на семејството на Карен, кои сметаа дека правдата не е задоволена. Обвинителството затоа одлучи да се жали на, како што посочи, „очигледно несоодветната казна”.
М.Ж.
СЕ УШТЕ ВЕРУВА ДЕКА БОРИС Е НЕВИН
По долги години молк Сара зборуваше за тагата и нејзините мемории пред нејзиниот живот да се претвори во ноќна мора, кога нејзината мајка Карен е убиена од татко и Борис. За ова интервју на “60 минути” се шпекулира дека Сара е платена $150,000 долари. Дента кога исчезнала мајка и не приметила ништо необично. Се поздравила со родителите, а кога се вратила татко и кажал дека се карале за бизнисот кој имал финансиски проблеми и мајка и излегла да се прошета за да се смири. Вечерта отишле да јадат кај роднини, а мајка и се уште не била вратена и таа претчустувала дека нешто не е во ред. Десет месеци по исчезнувањето на Карен Ристевски доаѓа најголемиот шок кога Борис Ристевски е обвинет за убиство. Присетувајќи се на тешкото време и судењето во кое Борис на крајот ја призна вината, младата Сара се уште верува дека нејзиниот татко е невин.
