Сатерланд Шаркс – Рокдаел Илинден 1:1

НАЦИОНАЛНА ПРЕМИЕР ЛИГА НА НЈВ, 2 КОЛО
Почетокот на средбата беше со внимателно испитување на силите и имаше малку шанси. И двата тренери н? а Рокдаел Илинден Стив Зориќ и Ник Димовски на Шаркс, влегоа со дефанзивна тактика, а првата посериозна шанса беше кога Масон Верси со обиде акробатски со ножички да шутира и беше за малку непрецизен.

Следеше шанса на Џонатан Гроздановски, кој играше минатата сезона за Комитите, и благовремена реакција на голманот Давид Брадашевиќ кој во последен миг ја спаси мрежата. Рокдаел Илинден потоа возврати со шанса на капитенот Даниел Петковски, нафрлената топка од корнер со глава ја зафати и за малку помина крај стативата.
Во второто полувреме Комитите започнаа посилно и се редеа шанси за Алек Урошевски, а малку потоа Никола Таневски и Брајден Сорџ со што се зголеми притисокот пред домашниот гол. Но од другата страна и Брадашевиќ имаше работа пред голот бранејќи ги ударите на Гроздановски и Симоновски. Прв до погодок дојде Рокдаел Илинден во 68 минута после прекрасниот удар од далечина на Сем Гулисано за 0–1. Од тој момент немајќи што да загубат домаќините со сите сили тргнаа во напад и во 82 минута Блејк Пауел успеа да изедначи. Тоа беше добра акција што започна од Темелковски, Верси и Симоновски кој го пронајде во казнетиот простор од каде успеа да испрати удар во долниот десен агол за 1–1. Симоновски пред крај на средбата се најде сам пред голот и имаше можност да постигне гол за победа но Брадашевиќ успешно ја одбрани мрежата на Комитите.
Рокдаел Илинден: Брадашевиќ, Петковски, Нил, Канаизуми, Урошевски, Вада, Танески (Петратос), Сорџ, Ахмед (Мориќ), Гулисано и Савор.
Сатерланд Шаркс: Норвал, Варен, Еверет, Симоноски, О’Шеа, Пауел, Гроенбаст, Браун, Верси, Грин, Гроздановски (Темелковски).
Во недела, на 15 март, Рокдаел Илинден на домашен терен ја пречекува екипата на АПИА Лејкард со почеток во 16:30 часот.

Останати вести