Резултатите од двата изборни круга донесоа комплетен политички пресврт во локалната власт во Македонија.
Со градоначалничката функција во 80 општини (плус Градот Скопје) ќе раководат шест жени и 75 мажи. Според првичните резултати од Државната изборна комисија, кандидатите на СДСМ победија во 56 општини, на ВМРО-ДПМНЕ во пет, ДУИ ќе раководи со 10 општини, Алијансата за Албанците со три, по еден градоначалник освоија БЕСА, ДПА и Демократската партија на Турците. Три општини добија градоначалници предолжени од група избирачи.
Коалицијата „Живот во Македонија” предводена од СДСМ победи во: Град Скопје (заедно со: Центар, Аеродром, Карпош, Ѓорче Петров, Бутел, Кисела Вода, Гази Баба, Шуто Оризари), Битола, Прилеп, Велес, Гевгелија, Штип, Делчево, Виница, Пехчево, Македонска Каменица, Неготино, Валандово, Дојран, Кочани, Пробиштип, Крушево, Куманово, Крива Паланка, Охрид, Ресен, Струмица…
Кандидатите за градоначалници од коалицијата „За подобра Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ победија само во пет општини: Илинден, Петровец, Сопиште, Зрновци и Кавадарци.
Демократската унија за интеграција победи во 10 општини: Кичево, Пласница, Чаир, Тетово, Сарај, Дебар, Долнени, Липково, Теарце и Струга.
Алијансата за Албанците освои три градоначалнички места и тоа сите во вториот изборен круг: Гостивар, Боговиње и Врапчиште.
БЕСА победи во во Желино.
ДПА победи во Студеничани.
Кандидатот на Демократската партија на Турците победи во Центар Жупа.
Ранковце, Чучер Сандево и Брвеница ги добија старите градоначалници кои ја имаат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ (првите двајца) и на ДУИ.
Претседателот на Државна изборна комисија, Александар Чичаковски оцени дека изборите минале во фер и демократска атмосфера. Роковите за жалби до ДИК течеа до вторникот на полноќ, а понатаму второстепено одлучува Управниот суд.
Резултати од вториот
круг на изборите за градоначалници:
Во Кисела Вода победи Филип Темелковски од СДСМ со освоени 54,89 проценти од гласовите, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски освои 41,58.
Во Гази Баба победи Борис Георгиевски од СДСМ со 53,51 отсто од гласовите, а Тони Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ освои 43,09 отсто.
Во Чаир најголем дел од граѓаните или 48,67 отсто гласаа за Висар Ганиу од ДУИ, а за Зекирија Ибраими од БЕСА 47,93.
Во Сарај победи Блерим Беџети од ДУИ со освоени 52,26 отсто од гласовите, а Башким Бакиу од БЕСА освои 46,73.
Во Шуто Оризари победи Курто Дудуш од СДСМ со 57,61, а Елвис Бајрам од Сојузот на Ромите има 38,90 отсто.
Во Кавадарци победи Митко Јанчев од ВМРО-ДПМНЕ со 52,65 отсто освоени гласови, пред Бетиане Китев од СДСМ кој освои 46,09 проценти од гласовите.
Во Гостивар победи Арбен Таравари од Алијанса на Албанците со 50,12 отсто освоени гласови пред Невзат Бејта од ДУИ кој доби 47,26 проценти од гласовите.
Во Виница победи Ивица Димитров од СДСМ за кого гласаа 52,23 проценти, а Мартин Павлов од ВМРО-ДПМНЕ освои 43,90 од гласовите.
Во Градско најголем број гласови освои Роберт Бешовски од СДСМ – 53,51 отсто, а неговиот противкандидат Жанета Чаушевска од ВМРО-ДПМНЕ 43,22.
Во Демир Капија победи Лазар Петров од СДСМ со 56,12 отсто освоени гласови, а Трајче Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ освои 42,36 гласови.
Во Јегуновце победи Дарко Блажевски од СДСМ со освоени 61,79 отсто гласови, пред Тони Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ со 34,74.
Во Карбинци победи Јордан Насев од СДСМ за кого гласаа 56,94, отсто од граѓаните, а за Зоран Минов од ВМРО-ДПМНЕ 38,55.
Во Македонска Каменица победи Соња Стаменкова од СДСМ со 54,24 проценти освоени гласови, пред Дарко Митевски од ВМРО-ДПМНЕ со 42,07 проценти.
Во Македонски Брод победи Живко Силјановски од СДСМ со 66,46 проценти освоени гласови, а Милосим Војнески од ВМРО-ДПМНЕ освои 29,69 отсто.
Во Росоман победи Бранко Јанев од СДСМ со 54,23 проценти освоени гласови, а за Стојанче Лазов од ВМРО-ДПМНЕ гласаа 43,27 проценти од граѓаните.
Во Старо Нагоричане победи Жаклина Јовановска од СДСМ со 65,36 отсто гласови, а Елена Јаќимовиќ од ВМРО-ДПМНЕ која освои 31,75.
Во Чашка победи Горан Стојановски од СДСМ со 69,58 проценти освоени гласови, а Горанчо Пановски од НДМ освои 27,49 отсто од гласовите.
Во општина Могила победи Јасмина Гулевска од СДСМ, која освои 51,22 проценти од гласовите, а Стево Пивковски од Група избирачи 46,45.
Во Зрновци победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Блажо Станков со 57,11 отсто освоени гласови, а кандидатот на СДСМ, Ванчо Митев 40,53.
Во Новаци победи Љубе Кузмановски од СДСМ со 53 отсто освоени гласови, а Лазар Котевски од ВМРО-ДПМНЕ 43,77.
Во Брвеница победи Енвер Пајазити од Група избирачи со 55,38 проценти освоени гласови, а Стојан Тодоровски од ВМРО-ДПМНЕ 42,19.
Во Чешиново-Облешево победи Горанчо Крстев од СДСМ, кој освои 49,91 отсто од гласовите, а Горанчо Зашов од ВМРО-ДПМНЕ со 46,13.
Во Боговиње победи Аљбон Џемаили од Алијанса на Албанците со 53,70 отсто освоени гласови, а Берзах Бејтулаху од ДУИ 45,01.
Во Врапчиште победи Исен Шабани од Алијанса за Албанците со 51,25 отсто освоени гласови, а Гајур Рушити од ДУИ освои 47,09 отсто.
Во Дебар победи Ружди Љата од ДУИ со 52,04 отсто од гласовите, а Арбен Аголи од Алијанса на Албанците освои 46,02 проценти.
Во Долнени победи Џемил Ќамили од ДУИ, кој освои 53,93 проценти од гласовите на граѓаните, а Билал Каришиќ од СДСМ 44,11 отсто.
Во Желино победи Бљерим Сејди од БЕСА за кого гласаа 51,27 проценти од избирачите, а Фатмир Изаири од ДУИ, пак, освои 68,03 проценти.
Во Липково победи Еркан Арифи од ДУИ со освоени 58,55 отсто од гласовите, а Шабан Зендели од БЕСА освои 40,24 отсто.
Во Теарце победи Исен Асани од ДУИ со освоени 51,64 отсто од гласовите, а Амир Ељези од БЕСА 45,96 отсто.
Во Студеничани победи Азем Садики од ДПА со освоени 52,17 отсто, а противкандидатот Реџеп Мемеди од БЕСА 46,85 проценти од гласовите.
Во Пробиштип победи Драган Анастасов од СДСМ со освоени 52,27 отсто од гласовите, а Тони Тоневски од ВМРО-ДПМНЕ 43,27.
Во Штип победи Благој Бочварски од СДСМ со 15.078 гласа наспроти кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Илчо Захариев кој има освоено 13.363 гласа.
Во Тетово победи Теута Арифи од ДУИ со 18.136 гласа, додека за лидерот на БЕСА Биљал Касами гласале 17.113.
Во Бутел градоначалник ќе биде Велимир Смилевски од СДСМ кој со добиени 57,08 отсто од гласовите го победи ривалот Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ кој добил 39,94 отсто.
Во Струга победи Рамиз Мерко од ДУИ со освоени 13.718 гласа пред Зијадин Села од Алијанса за Албанците со 13.143 гласа.