Полицијата апелира до јавноста за помош да се пронајде исчезнатата тинејџерка Лидија Георгиевска, од мелбурншкото западно предградие Килор Даунс.
15-годишната Лидија последен пат е видена кога го напуштала домот на Swindon Crescent околу 20:30 часот на 1 јули 2020.
Полицијата и семејството се загрижени за Лидија бидејќи нејзиното исчезнување не е карактеристично за неа.
Слика на Лидија Георгиевска е објавена со надеж дека некој може да обезбеди информации за нејзината моментална локација.
Секој што ја видел Лидија или има информации се замолува да се јави до Полициската станица во Килор Даунс на тел: 03) 9365 3333.