Премиерката на Квинсленд, Анастасија Палашчук изјави дека „не признава” никаква негативност поврзана со филмската индустрија на Gold Coast која создава работни места во локалната заедница во моменти кога државата заблежува два нови случаи на коронавирусот во текот на ноќта.
Еден од заболените е повратник од прекуокеанските земји кој се наоѓаат на хотелски карантин додека другото лице се заразило во рамките на познат кластер, имал контакт со лица од затворскиот систем и сега се наоѓа во карантин. Анастасија Палашчук застана во одбрана за зајакнувањето на активностите на локалната филмска индустрија, велејќи дека додека другите делови на светот се соочуваат со нов бран на коронавирус от Квинсленд покажа дека е во посилна здравствена и економска позиција. „Успеавме да дадеме поддршка на индустријата и луѓето да се вратат на работа. Постојат низ работи кои се дел од оваа индустрија што треба да се поддржат” – вели таа.
Изјави и оти тука влегуваат: доставувачи на храна, столари, сценографи, шминкери и останати работи.
Владата на Квинсленд објави дека од 25 септември ќе прима патници од Канбера, а државата во октомври за 500 лица ќе го зголеми неделниот број на австралиски граѓани што ќе можат да се вратат во земјата од странство, согласно со договорот постигнат на состанокот на националниот кабинет. Слична е ситуацијата и во Јужна Австралија, Тасманија и Северната Територија кои срамежливо полека ги отвораат границите. Златен. пример за сите треба да биде НЈВ кој и во најтешките моменти ја одржува отворена економијата. Засега Западна Австралија е самоизолирана иако нема короина вирус, додека за Викторија се очекува наскоро и таа да излезе од изолација.