Сеад Кочан однесен во „Идризово“

Бизнисменот Сеад Кочан, осуден на 4.8 години затвор во случајот “Труст”, е спроведен на отслуживање на казната во “Идризово”. Како што соопштија од МВР, во четвртокот доцна вечерта Кривичниот суд издал наредба за полициско спроведување на Кочан бидејќи самостојно не се појавил во затворот.

Екипа на полициските “алфи” дошла околу 22:30 часот во една приватна болица во Скопје, каде што последните 15 дена лежел Кочан и го однела во “Идризово”.
Според Министерството за правда дијагнозата и медицинската документација на Сеад Кочан не бара тој да лежи в болница. Осудениот поради здравствените проблеми во два наврати успеваше да го одложи одењето на отслужвање затворска казна, но третѕот пат барањето му беше одбиено.
Неофицијално, „Алфите” го уапсиле Кочан од приватна болница каде во последниве 15 дена беше третиран и поради што бараше одложување на издржување на казната.
Скопскиот затвор ја потврди оваа информација за Телма, а таму е доведен директно од приватната болница каде по трет пат преку барање до судот се обиде да го одложи издржувањето на казната за случајот „Труст” на СЈО.
Инаку Сеад Кочан е сопственик на големата градежна компанијата „Трансмет” и првично беше осуден на 6 години затвор за злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, односно дека со лажни документи учестувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола” на АД ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.

Останати вести