Седма добротворна тепавска вечер

На 16 ноември во Сиднеј, во прекрасната сала на фудбалскиот клуб “Илинден” во Когра, се одржа “Донаторска вечер” во организација на Тепавската асоцијација. Целта на оваа добротворна вечер беше собирање на финансиски средства за доградба на манастирот “Свети Арангел” во село Тепавци.

Координаторот на асоцијацијата, госпоѓата Живка Петровска, ги поздрави гостите и им заблагодари за нивната присутност, и даде многу содржаен извештај за тоа како се потрошени финансиските средства од добротворните вечери што ги организираа последните неколку години за доизградба на манастирот и некои други селски потреби во Тепавци.

Голема благодарност на сите присутни што дојдоа од сите соседни села,гостите од Волонгонг, Нју Кастел, а најповеќе на ѓаватската, битолската и преспанската асоцијација. Гостите ги забавуваше оркестарот “Пелистер”, се пееше, игаше до раните утрински часови. За одличната храна и пијалоци се потруди Љупчо Огненовски со “Илинден” катеринг.

Посебен белег на вечерта даде познатиот наш сонародник, гајдаџијата Гоце-тепавчанецот.

Т. Кабровски

Останати вести