Седум лица, тројца Австралијци, двајца Нигеријци, Јужноафриканец и Новозеланѓанец, грабнати се во средата на југоистокот од Нигерија, соопштија локални функционери.
Според нигериските власти, грабнувањето за коешто сé уште никој не ја презема одговорноста, се случило во округот Акпабујџи, во близина на Калабара, престолнина на сојузната држава Крос Ривер.
Нигериската полиција во средата извести за грабнување на петмина вработени на австралиска рударска компанија, двајца Австралијци, двајца Нигеријци и Јужноафриканец, а во нападот врз нивното возило бил застрелан возачот.
Меѓутоа, австралискиот прајминистер во четвртокот соопшти дека се грабнати тројца австралиски државјани, а новозеландското министерство за надворешни работи соопшти дека меѓу заложниците е и еден нивни државјанин.
„Интензивно соработуваме со властите.. Идентитетот на грабнувачите засега не е познат”, изјави Тамбул.
Грабнувањата поради откупнина не се реткост во југоисточна Нигерија, регион богат со нафтени наоѓалишта поради што таму се активни многу странски компании. Кон крајот на 2015 година, пирати во оваа област грабнаа литвански, украински и полски морнари.
Неофицијално некои земји од Европа ќе платат на киднаперите бидејки владите на Австралија и Нов Зеланд имаат воспоставена практика да не плаќаат пари на криминалци.