Помина девет години во затвор за трговија со дрога и финансиска измама.
Злате „Стив” Цветановски додека шета во паркот во Ричмонд забележува жена во спортска облека. Таа позира и самата се слика, но на Цветановски, кој штотуку е ослободен со кауција по една деценија затвор, му изгледа како шпионка. Роден во Македонија, 54-годишниот Цветановски, се сомнева дека таа е полицајка, испратен да го следи.
Постои добра причина зошто Цветановски е параноичен и се чувствува претпазлив и насекаде гледа шпиони. Неговата адвокатка Никол Гобо, која го бранеше на судењето, всушност се покажа дека била шпион на полицијата познат како адвокатот “Х” и таа го предаде како “човекот со парите на Мокбел”.
Цветановски ја обвинува Гобо за 9-те години поминати во затвор. Тој тврди дека кога во 2006 година бил ставен под лупа на полицијата тој едноставно бил коцкарски другар на „г-дин Купер”. Двајцата се запознале претходната година во мелбурншкото казино “Краун” во мај 2005 година, истата ноќ кога се доделувале телевизиски награди “Логи”. Цветановски вели дека таа вечер тој му позајмил на Купер и така се запознале.
Сведокот Купер веќе бил со кауција на слобода за други обвиненија кога, во 2006 година, адвокатката Гобо го подведува да стане таен агент на полицијата. Тоа бил нејзиниот план од моментот кога и самата е регрутирана од полицијата во Викторија како информатор “3838”, во септември 2005 година.
Никол Гобо наскоро ќе ја наведе полицијата кон Цветановски. Таа се сомневала дека Цветановски не е само коцкарски другар на Купер и и репортира на полицијата дека тој има поголеми амбиции.
Адвокатката Гобо тврдела дека Купер и рекол оти Цветановкси сака да стане готвач на дрога за Мокбел, тврдење што Цветановски го негира и не постојат докази за тоа.
На 22 април 2006 година полицијата извршува голем број апсења во лабораторијата за дрога и на други локации низ Мелбурн. Тие го приведуваат Купер и уште еден соработник, Френк Ахек.
Гобо во тие моменти по апсењата подготвена чека во близина на полицискиот комплекс на патот “Сент Килда”, знаејќи дека Купер ќе ја повика како свој адвокат. Кога дошла во станицата да го види, таа всушност не се однесува како адвокат на Купер, таа била таму како тајниот полициски информатор “3838”.
Тој ден таа го убедува Купер да се „преврти” и да направи договор – да носи скриен апарат за снимање за полицијата и да стане сведок на обвинителството.
Во текот на следните четири дена Купер ја инкриминира екипата на Тони Мокбел, вклучувајќи ги Милад Мокбел и Цветановски.
По само неколку месеци откако Цветановски влегол во орбитата на Гобо, таа им посочува на полициските службеници за новиот пријател на Купер, Стив Цветановски. Како што објави „Хералд Сан”, полициските белешки на информаторот “3838” велат: „Стив е човекот со парите… Тој е човекот за кој верувам, не може да кажам со сигурност, но сметам тој ги пере, складира или инвестира сите пари”.
Во текот на следните скоро три години преку Гобо полицијата собира разузнавачки информации за Цветановски.
На Цветановски никогаш не му било соопштено дека адвокатката Гобо, што требало да биде негов правен застапник, била всушност регистриран полициски информатор во случајот против него.
Никол Гобо беше воедно и адвокат на криминалецот Тони Мокбел од 2002 до 2008 година. И заедно со сведокот Купер и помогнаа на полицијата во осудување на 23 лица. Овие факти ќе бидат важни за сите уапсени во мрежата на Гобо-Купер, вклучувајќи го и мафијашот Тони Мокбел.
Мокбел, кој е осуден за трговија со дрога во полициска акција „Квилс” со помош на доказите обезбедени од Купер, успеа да избега од Австралија. Подоцна, преку адвокатката Гобо, му се влегува во траг и со полициска акција во Грција во 2008 година е фатен.
Што се однесува до Цветановски, тој сега ќе ги стави на масата сите чипови – и ќе ја тужи полицијата за отштета и извртување на правдата.
